Донесена одлука, Ханси Флик веќе нема да биде селектор на Германија

Ханс Дитер Флик веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Лошите резултати во серија, придонесоа за оваа одлука на германската фудбалска федерација, откако Флик после дебаклот против Јапонија од 1-4, одби сам да си поднесе оставка.

Освен навивачите, и дел од фудбалските ѕвезди и легенди ја критикуваа моментната состојба во националниот тим, па федерацијата денеска реши да се раздели со Флик и неговите помошници во стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести