Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски
Фудбалерите на Вардар со убедливи 3-0 славеа над Ла Фиорита на првиот натпревар, па реваншот во Сан Марино треба да биде само формалност. Сепак, во таборот на „црвено-црните“ се претпазливи, а очекувањата се нова победа и на гостински терен.
„Победивме на првиот натпревар со 3-0, а сега сме дојдени и тука да победиме. Го респектираме противникот, но посакуваме нова победа, зошто да не и поубедлива од таа во Скопје. Атмосферата во екипата е на одлично ниво и максимално сме подготвени за утрешниот натпревар.“ – вели фудбалерот на Вардар, Даниел Донгмо.
Натпреварот помеѓу Ла Фиорита и Вардар се игра во четврток со почеток во 21 часот.