28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Донгмо потпиша нов договор со Вардар

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја продолжи соработката со фудбалерот за врска Данел Јордан Донгмо. Тој потпиша нов едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една година.


Со тоа Вардар полека го комплетира тимот за европските настапи, дуелите со Ла Фиорита од Сан Марино. Црвено-црните добија ривал по мерка за пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а евентуалниот следен противник ќе го дознаат денеска во 14 часот.


Вардар ги стартуваше подготовките во Словенија со убедлив триумф (3-0) против црногорскиот тим Будуќност.

- Оглас -

Најнови вести