Даниел Донгмо беше еден од најдобрите на теренот на првиот меч меѓу Вардар и Лозана кој заврши со победа на македонскиот тим од 2:1. Камерунскиот интернационалец е оптимист дека Вардар може да ја елиминира Лозана, иако швајцарскиот тим ја има улогата на голем фаворит.
Донгмо знае дека клучно за резултатот во Лозана е Црвено-црните да ја добијат битката на средината од теренот и да воспостават контрола на играта.
„Првиот натпревар беше одличен. Мора да го повториме тоа и да победиме во Лозана за влез во следното коло. Мислам дека најсилната страна на Вардар е средниот ред. Ако ја добиеме битката на средината, ќе победиме“, вели Донгмо пред денешното тргнување за Лозана.
Според квотите во Sport Life, ќе биде вистинско чудо Вардар повторно да ја победи Лозана, но сигурно тоа е мотив повеќе и за сите оние верни навивачи на Црвено-црните кои се вечни оптимисти и веруваат во силата на своите миленици.