Допрва ќе има астрономски трансфери: УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј

На финансискиот фер-плеј, системот кој УЕФА го воведе пред неколку години со цел да се регулираат енормните потрошувања на пазарот во фудбалот, му доаѓа крајот.

Европската фудбалска куќа планира да го укине финансискиот фер-плеј и да воведе нов систем според кој клубовите ќе имаат помалку ограничувања во издвојувањето средства за засилувања.

Богатите клубови практично ќе имаат одврзани раце и многу веројатно во блиска иднина ќе сведочиме на уште поскапи трансфери, од оној рекордниот на Нејмар во ПСЖ кога во 2017 година ја напушти Барселона за неверојатни 222 милиони евра.

Иако пандемијата со корона-вирусот наштети на многу гиганти на финансиски план, има и такви кои не се погодени од кризата и уште пред да се воведе новиот систем се подготвени да се расфрлаат со пари на нови звучни имиња од кои се очекува да доминираат во наредниот период.

- Оглас -

Најнови вести