Манчестер јунајтед го победи Њукасл со 1-0, и со новите три бода ќе преспие на петто место, позиција на табелата во Премиер лигата која води во Лигата на шампионите.
Погодокот беше дело на Патрик Доргу, негов прв во дресот на Црвените ѓаволи. Данецот од својот 31-ви шут го даде првиот гол за Јунајтед за кој одиграл 38 меча.
Убавиот гол со волеј падна во прво полувреме, додека во второто полувреме двата тима по еднаш ја погодија пречката, а имаше и една сомнителна ситуација по која судиите по прегледување на снимка проценија дека не треба да има пенал за Њукасл.
Lisandro Martínez handball?
Is this a penalty? pic.twitter.com/KbCeEkZ6Z5
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 26, 2025
Ова е првпат од 4-ти октомври наваму гигантот од Манчестер да не прими гол на еден натпревар.
Инаку играњето на популарниот Боксинг деј традиционално е позитивно за Манчестер јунајтед кој е премиерлигаш со најмногу победи на овој датум, додека Њукасл е тим кој најмногу пати загубил на 26-ти декември.

