Дориев доби повик од Седлоски, па постигна гол за Согдијана (Видео)

Љупчо Дориев по пауза од преку две години се враќа во репрезентацијата на Македонија, откако неговиот клуб, Согдијана, се пофали на социјалните мрежи дека офанзивецот добил повик од новиот селектор, Гоце Седлоски.

Струмичанецот последниот повик во репрезентацијата го имаше во октомври 2023 година.

Дориев кратко откако беше објавена информацијата дека добил повик, успеа да постигне гол за Согдијана на првенствениот меч против ОКМК на гостински терен. Нашиот фудбалер погоди во последната минута од првиот дел за водство од 0-1, но мечот на крајот заврши нерешено, 2-2.

Нашиот репрезентативец минатата 2025 година беше прогласен за најдобар странски фудбалер во првенството на Узбекистан, земја која ќе дебитира на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести