1809 Борусија Д. – Мајнц (17.30 часот)
На прв поглед, во овој дуел на поранешните клубови на Јирген Клоп, тимот од Дортмунд е апсолутен фаворит, но ако се погледне табелата и формата на екипите, не е баш така. Мајнц во ова коло влезе како трети на табелата, освои 13 бодови во последните пет кола и се бори за место во ЛШ. Борусија има два порази по ред и тоа без постигнат гол, тоа е тим кој многу ретко игра нерешено и во моментов е дури 12-ти на табелата, и за да ги задржи шансите за излез во Европа, вечерва мора да победи. Претходните два меѓусбни дуели на овие тимови во Дортмунд завршуваа нерешено.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.14)
1104 Борнмут – Манчестер сити (17.30 часот)
ФА купот остана последна шанса за скапиот состав на Сити да освои некаков трофеј до крајот на сезонава, а четвртфинална пречка им е Борнмут. Во ноември кога Граѓаните им гостуваа на Црешите во премиерлигашки меч, Борнмут победи со 2-1, па сигурно дека и домашните веруваат дека ќе одат на „Вембли“ каде ќе се играат и полуфиналните двобои. Кај овој пар сите опции се отворени за конечен исход, ние би типувале на голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)
3007 Интер – Удинезе (18.00 часот)
Интер има 24 бодови повеќе од Удинезе и според тоа домашните се големи фаворити на хартија. На Нераѕурите победата им треба да задржување на првото место во Серија А, а Удинезе бара враќање на победничкиот пат откако во последните две кола освои вкупно само еден бод. Интер е најефикасен тим со 65 гола на 29 меча што во просек е 2,2 гола по меч. Кај домашните суспендиран е Бастони, а неизвесен е настапот на Лаутаро Мартинес. Традицијата е на страна на Интер, кој дома ги добил сите мечеви со Удинезе од 2018 година наваму. Во декември во Купот, Интер победи 2-0.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.18)
3008 Наполи – Милан (20.45)
Милан е осоколен, оди по третата победа по ред, а Наполи нема право на пораз ако сака да остане сериозен конкурент во трка за титула. Наполи ја има најцврстата одбрана во лигата, игра дома каде има само два порази сезонава. Милан пак има само две ремија на гости, најчесто победува или губи. Победа би го доближила до местата кои водат во Европа, пораз или реми го остава на деветтата позиција. Есеноска на „Сан Сиро“ беше 2-0 за Наполи, едниот гол го даде Кварацхелија кој веќе не е во Наполи.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.92)
1309 Бетис – Севилја (21.00 часот)
Според атмосферата која се создава на трибините, ова е најжестокото дерби во Шпанија. Честопати Севилја и нема свои фанови на гостувањата „Бенито Вилјамарин“ затоа што не сакаат да му даваат пари за билети на градскиот ривал. Бетис е шести и реди само победи во последно време, со победа или нерешено ќе биде петти на табелата, додека 11-то пласираната Севилја игра променливо. Мотивите ќе бидат големи кај двата тима, но многу податоци укажуваат на тоа дека Бетис би можел да го разбие малерот и после шест ипол години да победи во лигашко градско дерби.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.50)