Повеќето европски гиганти ги започнаа подготовките во пресрет на новата сезона, а европскиот првак Челзи денес го одигра првиот контролен натпревар и триумфираше со лесни 6-1 против второтолигашот Петерборо. Сините се извадија од резултатска негатива, Абрахам и Пулишиќ погодија за 2-1 на полувремето, па Зијех со експресен хет-трик во вториот дел во кој влезе како замена, ја најави лесната победа на Челзи. Младиот Броха го постави конечниот резултат.
Во меѓувреме пријателски дуел одигра и Борусија Дортмунд, а Милионерите не се прославија со поразот од 1-3 од Бохум. За само 11 минути Бохум трипати ја тресеше мрежата на Кобел, па почесниот гол за Дортмунд го постигна Пашалиќ во финишот од средбата.
Пораз од 3-2 претрпе и германскиот првак Баерн Минхен од Келн. Баварците до 26-тата минута губеа со 2-1 пред Зикрзи да израмни по нешто повеќе од половина час игра, а Ут со својот втор гол на мечот го нокаутира гигантот од Минхен. На овој меч, на клупата на Баерн Минхен дебитираше тренерот Јулијан Нагелсман, кој дојде на местото на Ханси Флик.
Alles Wichtige zu #KOEFCB bei uns im Webradio.
— FC Bayern München (@FCBayern) July 17, 2021
Арсенал и во втората контролка не успеа да слави победа, откако ремизираше со 2-2 против шкотскиот првак Глазгов ренџерс. Балогун и Итен на двапат му донесоа предност на тимот на Стивен Џерард, а Топчиите ги спасуваше новото засилување Таварес со деби гол во 23-тата минута, за Нкетеја да ги постави конечните 2-2 на помалку од десетина минути пред крајот на мечот.