Дортмунд остана без уште една легенда: Официјално си замина и Матс Хумелс!

Егзодусот во Борусија Дортмунд продолжува, по Марко Ројс и тренерот Един Терзиќ, од редовите на европскиот вицешампион си оди и Матс Хумелс.

Клубот официјално објави дека ја завршуваат соработката со фудбалерот кој за 13 сезони (од 2008 до 2016 и од 2019 до 2024) има 508 настапи за Борусија, со која двапати ја освои Бундеслигата и даде 38 гола.

„Драги фанови, моето време во жолто-црниот дрес истече. Ми беше огромна чест и радост да играм за Борусија Дортмунд толку долго време и што бев дел од патот што го минавме од 13-тото место во јануари 2008 година, кога дојдов, до ова каде што сега е клубот и што претставува тој денеска. Стискам палци за повторно да се сретнеме што е можно побрзо, а дотогаш ќе навивам за клубот од далеку, можеби од време на време и од трибините на стадионот. Ќе ми недостасувате“, порача Хумелс на заминување.

- Оглас -

Најнови вести