Дортмунд се подготвува за живот по Халанд

Борусија Дортмунд ќе биде презадоволна доколку во претстојното лето го сочува Ерлинг Халанд во своите редови, за кого веќе се подготвуваат понуди повисоки од 150 милиони евра.

Управата прави сè што може да го задржи неверојатниот норвешки голгетер барем до летото 2022 година, но во меѓувреме се размислува околу тоа кој може да го замени Халанд во нападот на Милионерите.

Целта е поставена на синот на легендарниот Хенрик Ларсон, Џордан Ларсон, кој е член на Спартак Москва. Ларсон ја игра втората сезона во трофејниот руски клуб, за којшто забележа 12 погодоци и пет асистенции во вкупно 24 настапи оваа сезона.

Вредноста на Ларсон моментално е девет милиони евра, но ако се знае дека Дортмунд може да оствари заработка од над 100 милиони евра при евентуална продажба на Халанд, трансферот на 23-годишниот шведски репрезентативец нема да биде проблем.

- Оглас -

Најнови вести