Лајпциг и Борусија Дортмунд одиграа нерешено, 2-2, во нивниот меѓусебен меч од Бундеслигата, а од овој исход сигурно најсреќни се во Баерн Минхен.
Домашните уште во првиот дел имаа предност од 2-0, а „милионерите“ во вториот дел се спасија од пораз со гол на Фабио Силва во 95-тата минута.
Во Минхен се најсреќни, бидејќи предноста по 23-тото првенствено коло на врвот од табелата сега е осум бода во однос на Борусија Дортмунд, додека во пресрет на ова коло имаа предност од шест бода.

