1101 Манчестер сити – Челзи (17.00 часот)
Сити ќе ја прослави титулата со своите навивачи, екипата на Гвардиола ќе сака да ја збогати фештата со победа над Челзи. Лондонските Сини конечно малку ја поправија ефикасноста, имаат мини-серија од два меча по ред без пораз. Во јануари во ФА купот, Граѓаните дома го победија Челзи со 4-0, а премиерлигашкиот дуел есеноска на „Стемфорд бриџ“ заврши 1-0 за првакот. Последната победа на Челзи над Сити беше во финалето на ЛШ во 2021 година.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.64)
1808 Аугсбург – Б. Дортмунд (17.30 часот)
После вчерашниот пораз на Баерн, Борусија има златна шанса да ја прекине децениската шампионска низа на Баварците. Дортмунд со победа во Аугсбург ќе биде лидер и во последното коло ќе има меч-топка за титула на свој терен. Ако гостите од Дортмунд не победат во баварскиот град Аугсбург, веројатно нема да бидат шампиони, па ова е голем тест за нивната психа, квалитетот секако е на нивна страна. Последната гостинска победа на Борусија беше уште на 25-ти февруари, а нивната последна победа во Аугсбург беше во 2020 година. Во јануари во Дортмунд беше 4-3.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.82)
3007 Наполи – Интер (18.00 часот)
Интер е во подобра форма во моментов од Наполи, наполитанците се опуштија откако ја обезбедија титулата, па и бодовите им се попотребни на гостите од Милано. Наполи е тим со најмалку примени голови во Серија А, статистиката покажува дека нема да има премногу голови вечерва. Последните три меѓусебни дуели во Неапол им завршуваа 1-1, последната победа на Наполи дома против Интер беше во 2019 година.
Предлог тип: X2 & 1-3 (2.60)
1710 Оксер – ПСЖ (20.45 часот)
Парижаните се на чекор од нова титула, може да си дозволи и пораз, а пак да биде прв, додека Оксер се бори за опстанок, има само еден бод повеќе од 17-тиот Нант кој е загрозен од испаѓање. ПСЖ е убедливо најефикасен тим во лигата, а во ноември во Париз го победија Оксер со 5-0. Светците цели осум години немаат гостувано во Оксер.
Предлог тип: 3+ (1.57)
1360 Севилја – Бетис (21.00 часот)
Градското дерби во Севилја е дуел на тим кој уште е во славеничка атмосфера после пласманот во финалето на Лига Европа и тим кој е добро одморен и имаше повеќе време за подготовка за ова дерби. Бетис што и да направи, не може да оди ни погоре ни подолу од шестото место. Ова се два тима кои ретко играат нерешено, а и во меѓусебните дуели кога Севилја била домаќин, 20 години не било нерешено во лигашки меч. Есеноска на стадионот на Бетис беше 1-1.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.07)