Досадно мадридско дерби

Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал заврши без победник. Не само што немаше победник на „Ванда Метрополитано“, туку немаше ни погодоци, а малку беа и шансите на двете страни.

На ремито повеќе може да му се радуваат гостите, бидејќи Реал Мадрид со овој бод останува на чело на табелата во Примера дивисион, со 15 бодови од седум меча. Атлетико има 14 бодови, колку што има и Гранада, додека актуелниот првак Барселона е со 13 бодови досега.

Дека нема да видиме реприза од последниот меѓусебен дуел на мадридските ривали беше јасно уште на почетокот. Пред само два месеци, во контролен меч Атлетико со 7:3 го победи Реал, но вечерва ситуацијата беше сосема поинаква.

Кралскиот клуб повеќе напаѓаше, имаше подобри шанси, но Атлетико се спасуваше, па на крајот немаше погодоци.

- Оглас -

Најнови вести