Лацио и Милан ремизираа без голови во првото полуфинале од Италијанскиот куп, па росонерите ќе имаат шанса пред својата публика во април да се пласираат во финалето.
И Лацио не е без адути, но и двете екипи ги немаа вечерва, барем во офанзивниот дел. Ова и не е ништо ново за двете екипи, кои го одиграа четвртиот меѓусебен меч без победник. Три од нив беа без голови, а, за жал на публиката на „Олимпико“, и вечерва беше по ист терк.
Во второто полуфинале ќе играат Фиорентина и Аталанта во првиот меч што е закажан на „Артемио Франки“ во Фиренца.