Досадно реми без голови на големото турско дерби

Во дербито на сезоната во турскиот шампионат меѓу двете првопласирани екипи, Фенербахче и Галатасарај, немаше голови, но ниту играта не беше на посакуваното ниво.

Во првото полувреме немаше ниту еден удар во рамките на головите на двата тима, а единствена закана претставуваше шутот на Демирбај кој заврши над пречката.

Во второто полувреме, и двете екипи повеќе мислеа на сопствениот отколку на противничкиот гол што донесе слаб ритам и досадна игра. На крајот, само еден удар заврши во рамките на голот.

И по 18-то коло, Фенербахче и Галатасарај остануваат на лидерската позиција со по 44 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести