Досега немало ваков отказ на фудбалер, поради брзо возење и пиење кафе (Видео)

Младиот напаѓач на Алкоркон, Раул Асенсио, доби отказ од клубот поради негово непромислено однесување. Асенсио на почетокот на оваа сезона го облече дресот на Алкоркон, но само по неколку месеци доби раскинување на договорот и тоа поради недисциплина.

Самиот фудбалер на социјалните мрежи се пофали како вози автомобил со 160 километри на час додека пие кафе. На челниците на клубот не им се допадна овој гест, кој го протолкуваа како кршење на клупските правила и прописи, па затоа му дадоа отказ.

- Оглас -

Најнови вести