Досега немало ваква бизарна ситуација за ВАР да одлучува (Видео)

Една од најчидните ситуации поради кои мораше да се искористи ВАР системот се случи во германската втора лига. На дуелот Регенсбург и Хамбург, домаќините дадоа гол во 29 минута, но мораше да се побара помош од ВАР системот за да се потврди дали е погодокот регуларен.

Фудбалерот на Регенсбург се наоѓаше во офсајд, меѓутоа по прегледувањето со помош на ВАР технологијата, судијата утврди дека топката прво ја поминало гол-линијата, а потоа удрила во играчот кој беше во офсајд, па погодокот беше признат.

И покрај водството од 1:0, на крајот домаќините не се радуваа на трите бода, бидејќи мечот заврши 2:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести