Досега невиден потег: Големиот ривал нуди премија за Вележ ако го поминат грчкиот противник

Тимот на Вележ од Мостар вечерва ќе го игра реванш-мечот од квалификациите во Конференциската лига против големиот ривал АЕК од Атина. Вележ веќе направи херојски потег и дома го победи фаворитот со 2:1, што значи дека сега во Атина треба да издржи да остане непоразен за да оди понатаму.

За Вележ ова е прво европско искуство по пауза од 33 години и мотивот е многу голем. Поддршка до фудбалерите на Вележ пристигнува од сите страни, па дури и од големите ривали во домашното првенство. Челниците на ФК Тузла сити јавно дадоа соопштение дека нудат премија доколку Вележ го елиминира АЕК во Атина. Премијата од раководствот на Тузла за играчите на Вележ е 20.000 конвертабилни марки, односно 10.000 евра.

„Управата, стручниот штаб и сите играчи на ФК Тузла Сити се горди и сакаат да изразат голема поддршка за сениорската екипа на Вележ од Мостар поради постигнатиот успех во досегашниот дел од натпреварувањето во Конференциската лига“, стои во дел од соопштението во кое е истакната и сумата од 20.000 конвертабилни марки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести