Досега невидено во европскиот фудбал – пенали може да го решат шампионот на Романија

Ретко кога во понеделник може да се гледа вистински фудбалски спектакл кој решава за титула. Тоа ќе се случи вечерва во Романија. Универзитатеа Крајова игра против Клуж, меч кој треба да го даде шампионот.

Клуж е лидер и има 46 бодови, додека Универзитатеа Крајова е втора со два бода помалку и меч помалку. Бидејќи од УЕФА побараа Романија најдоцна до 3 август да го каже името на шампионот, едноставно нема време кога тимот од Крајова да го игра заостанатиот натпревар.

Одлуката на челниците на романскиот фудбал е денешното дерби да биде класично финале кое ќе одлучи за титулата. Победникот ќе се радува на шампионската титула, но постои и една необична можна ситуација. Доколку биде нерешено, ќе се играат продолжувања, а ако и тогаш нема победник, ќе се шутираат пенали. Едноставно постои можност шампионот во Романија ќе се решава на пенал-рулетот.

Ваквата одлука на првите луѓе на романскиот фудбал е затоа што Крајова реално може да го добие заостанатиот меч против Астра и во тој случај да биде лидер со бод повеќе од Клуж. Затоа, за да нема дилеми, денешниот меч ќе биде вистинско финале за шампионска титула во романскиот фудбал.

Во Sport Life обложувалниците може да се обложите на овој меч кој започнува во 19:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести