Досега невидено во ЛШ: Едната половина „тежи“ 28 титули, а на спротивната страна е само Барселона

Во Лига на шампиони останаа само осум екипи кои се во трка за највредниот трофеј во клупскиот фудбал на УЕФА. Четвртфиналните дуели во Лига на шампиони донесоа нешто што во модерниот фудбал ретко се гледа. Паровите во четвртфиналето, но и потенцијалните пресметки во двете полуфиналиња беа познати уште по извлекување на ждрепката за осминафиналните дуели и правењето на „костурот“ за до крајот на турнирот.

Според тоа, во едната половина на четвртфиналните дуели има екипи кои заедно „тежат“ дури  28 титули во ЛШ. Актуелниот европски владетел Пари Сен Жермен ќе игра против Ливерпул кој е шесткратен европски владетел. Во втората четвртфинална пресметка најтрофејниот Реал Мадрид со 15 трофеи ќе игра против Баерн Минхен кој шест .пати бил европски првак.

На спротивната страна од „костурот“ се останатите четири екипи. Во шпанската пресметка ќе играат Барселона и Атлетико Мадрид, додека Спортинг ќе игра двомеч со Арсенал. Интересно е дека од овие четири екипи, единствено Барселона била европски првак и тоа пет пати, додека останатите три екипи сонуваат за прв пат да го кренат највредниот клупски трофеј во Европа.

- Оглас -

Најнови вести