33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Досега никогаш не сме играле против нив, а Македонија е фаворит за победа

Македонската фудбалска репрезенатција од 18 часот ќе игра на арената „Тодор Проески“ против Фарски Острови во пријателски меч. Низ историјата, Македонија има играно против 66 различни репрезентации, но Фарски Острови никогаш претходно не ни биле ривал.

Ако се погледне актуелната ранг-листа на ФИФА, Македонија е на 65-тотоместо, додека Фарски Острови се речиси двојно послаби и моментално се на 123-тата позиција во светски рамки.

Според квотите во Sport Life, навивачите на „Тодор Проески“ ќе треба да присуствуваат на уште една радост на нашата репрезентација. Убава е квотата за „еден во еден“, шкоја изнесува 2.25.

Сепак, факт е дека Фарски Острови играат солидно во последно време и на последните седум меча има две победи, четири нерешени и само еден пораз, па ќе биде интересно да се види дали Македонија ќе влезе во серија победи или ќе продолжи успешната низа на гостите.

- Оглас -

Најнови вести