6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Досега вакво нешто не е видено: Барселона подготвува уникатни дресови за „Ел Класико“ (Фото)

Помалку од еден месец има до одигрувањето на првото Ел Класико сезонава меѓу Реал Мадрид и Барселона. На 26 октомври Реал ќе биде домаќин на „Сантијаго Бернабеу“, а Барселона се подготвува во Мадрид да пристигне со уникатни дресови.

Каталонскиот гигант е подготвен на Ел Класико, да носи дрес со логото на британскиот музичар Ед Ширан на градите. Но тоа не е сè што е ново. Целиот дизајн е нов, изненадувачки и отстапува од она на што е навикната Барселона.

Дресот ќе биде составен од две различни нијанси на сина и црвена боја, како и нерамни линии, што е прв пат нешто вакво да ѝ се случи на Барселона.

Специјализираната страница „Footy Headlines“ прва го објави новиот дизајн на дресот на Барселона за Ел Класико. На дресот стои и жолтото лого на „Најк“, како и грбот на клубот. Дизајнот на логото на Ед Ширан сè уште не е откриен.

Барселона подготви и дресови за загревање, кои исто така ќе бидат специјално дизајнирани само за Ел Класико. Дресовите за загревање се особено доминирани од небесно сината боја.

 

- Оглас -

Најнови вести