Досегашните мечеви од нокаут-фазата во ЛШ покажаа дека најсигурно е да се игра дека ќе нема многу голови

Со дуелите меѓу Интер и Порто, односно Лајпциг – Манчестер сити, вечерва ќе се комплетираат првите дуели од осминафиналето во Лигата на шампиони. Синоќешниот спектакуларен меч на „Енфилд роуд“ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид сигурно ќе се памти уште долго време. Ливерпул првпат во историјата на европските мечеви прими пет гола на свој терен, а Реал со победата од 5:2 ќе треба рутински во Мадрид да го одработи реваншот и може да мисли на четвртфиналето.

Мечот на „Енфилд роуд“ меѓу ланските финалисти беше како исклучок ако се погледнат резултатите на останатите пет дуела. На ниту еден од петте средби кои се одиграа немаше повеќе од еден гол во првото полувреме, а кога ќе се погледнат конечните резултати, сите пет биле со 0-2 гола и уште една забелешка дека завршиле НГ, односно еден од двата тима да не даде гол.

убави се квотите за и вечервашните два дуела да бидат со не повеќе од два гола, како и комбинацијата НГ (барем еден од тимовите да не постигне гол).

РЕЗУЛТАТИ ОД ШЕСТЕ ОДИГРАНИ ПРВИ ОСМИНАФИНАЛИ ДУЕЛИ ВО ЛШ:

ПСЖ – Баерн Минхен 0:1 (0:0)

Милан – Тотенхем 1:0 (0:0)

Бриж – Бенфика 0:2 (0:0)

Борусија Д. – Челзи 1:0 (0:0)

Ајнтрахт Франкфурт – Наполи 0:2 (0:1)

Ливерпул – Реал Мадрид 2:5 (2:2)

- Оглас -

Најнови вести