Неодамнешниот тинејџер блесна во квалификациите и даде пет гола во два меча за четири дена

Репрезентацијата на Данска има половичен биланс од една победа и еден пораз по првите две кола во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Најпрво беше победена Финска со 3:1, а потоа неочекувано загуби од Казахстан со 3:2, иако на полувремето Данска водеше со 2:0.

Во двата меча на данската репрезентација блесна младиот Расмус Хојлунд. На првиот дуел против Финска, Хојлунд, кој пред еден месец наполни 20 години, ги постигна сите три гола за Данска. Добрата игра и ефикасноста ја повтори и против Казахстан откако даде два гола во првото полувреме, но на крајот тоа се покажа како недоволно затоа што Казахстан во второто полувреме направи пресврт и славеше со 3:2.

Хојлунд ја започна кариерата пред три години, во тимот на Копенхаген, а потоа замина во тимот на Штурм. За австрискот тим постигна 12 гола во 21 натпревар, што беше знак дека треба да оди во посилен тим. Во август 2022 година направи трансфер во Аталанта, каде што игра одлично и во 25 меча во сите натпреварувања сезонава постигна осум гола.

Со вакви игри, цената на 191 сантиметри високиот голгетер брзо расте и сега се проценува на 17 милиони евра, но ако продолжи во ист ритам, таа сигурно уште ќе се зголемува.

- Оглас -

Најнови вести