3.8 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Доскорешниот тренер на Барселона ќе биде наследникот на Жељко Обрадовиќ во Партизан

Многу имиња се споменуваа како можни наследници на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан, но се чини дека раководството на „црно-белите“ конечно успеа да го пронајде вистинското решение.

Според српските медиуми, нов тренер на Партизан ќе биде неодамнешниот предводник на Барселона, Жоан Пењароја. Тој ги предводеше Каталонците во минатата сезона, но и на почетокот од оваа, пред да биде сменет.

Доколку Пењароја навистина потпише договор со Партизан, тоа за него ќе биде прво тренерско искуство надвор од Шпанија, со оглед дека освен во Барселона, работеше и во Андора, Манреса, Бургос, Валенсија и Басконија.

- Оглас -

Најнови вести