Доскорешниот тренер на Вардар пристигна во Струмица: Васоски е нов тренер на Академија Пандев

Само неколку дена откако најави разделба со Вардар, Александар Васоски има нов ангажман. Тренерот кој во минатата сезона ја донесе шампионската титула во најтрофејниот македонски клуб, сега седнува на клупата на Академија Пандев.

Васоски ја прифатил понудата да биде тренер на струмичани, кои по досега одиграните 18 меча се во незавидна позиција. Академија Пандев има само 17 бодови и е на претпоследното место на табелата кое води испаѓање во Втора лига.

Главна мисија на популарниот Тетовче ќе биде да го спаси тимот од испаѓање, за што реално постојат шанси, ако се знае дека Ренова на деветата позиција има само два бода повеќе. Освен во првенството, фокусот ќе биде и на Купот каде Академија Пандев се пласираше во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести