Од таборот на Тотенхем потврдија дека новиот „Најки стадион“ ќе биде подготвен да ги отвори вратите за своите навивачи. Петлите“ против Кристал палас на трети април (среда) ќе зачекорат на тревата во новиот храм.
Отворањето се одолговлечи неколку пати, првично беше најавено дека Тотенхем ќе може да игра на новиот стадион во септември минатата година, но честите појави на проблеми со изградбата му оневозможија на тимот од Лондон да заигра според планот на ултрамодерниот „Најки стадион“.
Екипата која ја предводи Маурисио Покетино домашните натпревари сезонава ги играше на „Вембли“, но сега е потврдено дека националниот стадион повеќе нема да го изнајмуваат.
Тотенхем на новиот стадион воедно ќе може да го пречека Манчестер сити во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, кој е закажан за деветти април.