Доста им се седум порази на „Камп ноу“ – Севилја ја сопре серијата на Барселона (Видео)

Севилја успеа конечно да ја сопре црната серија од 7 порази по ред на „Камп ноу“ и вечерва ремизираше против Барселона во меч со по еден гол во двете мрежи.

Сè беше решено само за 120 секунди, а Лук де Јонг со погодок во осмата минута најави дека нема да има нов пораз за Севилја на легендарниот стадион на Барселона.

Сепак, радоста на гостите траеше само две минути, а со прв гол за Барса во новата сезона се истакна Кутињо, кој израмни во десеттата минута.

https://twitter.com/barcavids_/status/1312833444943028224?s=20

Шанси имаше и потоа и за двете екипи, но мрежите на Боно и на Нето не се тресеа до крајот, па ремито 1:1 им донесе по еден бод на двете екипи, кои се меѓу фаворитите за титулата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести