Доста му беше чекање на Реал, го победи Вилјареал по две години

Реал Мадрид не дозволи серија од три меча без победа и успеа да слави со 3:2 против Вилјареал. На „Сантијаго Бернабеу“ кралскиот клуб успеа да ја надигра популарната жолта подморница по долга пауза од 26 месеци.

Маријано Дијас постигна два гола, еден беше дело на Ваљехо, а гостите се заканија со реми, но немаа сили да освојат еден бод и по четвртипат по ред да останат непоразени против Реал.

Клубот од Мадрид остана на третата позиција, сега со 68 бодови, но недостижно е второто место на Атлетико Мадрид.

Вилјареал остана на 40 бода и докрај ќе бие битка за опстанок во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести