Рома ја оствари 15-тата победа во Серија А откако славеше на гости против Лече со 0-1. Со тоа продолжи и победничкиот марш на тимот откако на клупата седна Клаудио Раниери. Римјаните сѐ уште се надеваат дека имаат шанси и за пласман во Лигата на шампионите.
⚽️ GOAL: Dovbyk
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 29, 2025
🇮🇹 Lecce 0-1 Romapic.twitter.com/qQNgVbBREW
Рома имаше иницијатива, но долго се мачеше да го отвори резултатот. Тоа конечно му успеа на Артем Довбик во 80-тата минута од дуелот.
Лече по овој пораз се наоѓа на 16-тата позиција на табелата со 25 освоени бодови.