Довбик наместо во Мадрид, ова лето ќе долета во Рим?

Украинскиот фудбалер Артем Довбик беше на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид, но сега работата се промени. Тој во моментот е многу поблиску до премин во Рома.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во овој летен преоден рок, одличниот напаѓач може да заврши на „Олимпико“.

Рома планира до крајот на денот да испрати официјална понуда од 30 милиони евра, која со бонуси може да се зголеми до 40 милиони евра. Ваква сума е предвидена како откупна клаузула во договорот на Украинецот.


Артем Довбик е дел од Џирона од 2023 година и има постигнато 24 гола во 36 натпревари.

Минатата сезона беше најдобар стрелец во шпанската Ла Лига со 24 гола.

- Оглас -

Најнови вести