Украинскиот напаѓач Артем Довбик, постигна три гола за само 6,32 минути на дуелот со Севилја, и донесе водство на Жирона од 3-1 откако гостите поведоа со 1-0.
Довбик погодуваше во 13-та 16-та и 19-та минута, па сега Жирона има два гола предност и ако победи, ќе се врати на чело на табелата со бод повеќе од Реал Мадрид, со тоа што Кралскиот клуб има и одиграно еден меч помалку од Каталонците.
Уште од 1960-та година наваму не беше видено во шпанската лига некој да има три гола пред да поминат 19 минути од еден меч.
https://twitter.com/i/status/1749166323915968606