8420 Џејмс Харден (Индијана пејсерс – Хјустон рокетс, 01ч)
На Хјустон му е потребен Харден во расположено издание за да излезе од негативниот учинок. Брадата ако ништо друго, ќе си го одржи просекот со кој ќе напаѓа на нова титула – најдобар поентер во НБА лигата.
Во три меча во низа, Харден реализира барем по 40 поени против Индијана, и многу веројатно ќе ја продолжи таа серија, а границата од 29,5 поени е вистински подарок во Sport Life.
Предлог тип: Харден >29,5 поени (1.80)
8531 Џејсон Тејтум (Мајами хит – Бостон селтикс, 01:30ч)
На Тејтум му одговара да биде лидер кога Кемба Вокер е во аут, па затоа ѕвездата на Бостон ноќеска ќе треба да одигра на високо ниво во репризата од минатосезонското конференциско финале против Мајами.
Тејтум немаше милост против шампионот од 2019 година, Торонто репторс, и блесна со 40 поени. Можеби нема да стигне до истиот учинок, но дефинитивно може да реализира повеќе од 26 поени.
Предлог тип: Тејтум >26,5 поени (1.87)
8538 Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Детроит пистонс, 02ч)
Втора ноќ во низа Милвоки ќе се сретне со Детроит, а Адетокумбо цели на нова доминантна партија по вчерашните 43 поени кои ги постигна во победата над Пистонс.
Најкорисниот играч во НБА лигата во последните две сезони мора да фати ритам и во континуитет да биде најефикасен за Елените. Од неговиот настап ќе зависи исходот во оваа пресметка, а границата од 26 поени делува како „зицер“ ситуација.
Предлог тип: Адетокумбо >26,5 поени (1.85)
8556 Девин Букер (Феникс санс – Торонто репторс, 03ч)
Јасно беше дека со Крис Пол во составот, Феникс ќе биде далеку поквалитетен во однос на претходните сезони. Затоа екипата од Аризона е при врвот на Западот, а покрај Пол, блеска и Девин Букер.
Опасниот шутер на Сонцињата во минатото имаше потешкотии против Рептилите, но ова му е шанса да им се реваншира и да покаже дека заслужено е меѓу топ кошаркарите во НБА лигата.
Предлог тип: Букер >23,5 поени (1.80)
8567 Стеф Кари (Голден стејт вориорс – ЛА клиперс, 04ч)
Иако му недостасува „сплеш братот“ Томпсон, Кари како голем играч се носи со товарот и го користи целиот негов талент за да носи победи за Воините.
Пред неколку вечери Кари си постави нов личен рекорд со неверојатни 62 поени против Портланд, што е доказ дека му одговара да игра против екипите кои имаат шампионски амбиции. Сега ќе треба да покаже дека е најдобар шутер во лигата и против Клиперси.
Предлог тип: Кари >29,5 поени (1.90)