Ернесто Валверде по две и пол години пауза се врати во фудбалот. Од денес е старо-нов тренер на Атлетик Билбао, потврди шпанскиот клуб.
За екстренерот на Барселона ова ќе биде трет мандат на „Сан Мамеш“. Валверде е клупски рекордер, односно 306 пати ги предводел Баскијците во претходните два мандати.
https://twitter.com/AthleticClub/status/1542433174285959170
Валверде до неодамна беше на одмор, односно од отказот од Барселона во јануари 2020 година остана без ангажман. Чекаше вистински предизвик, па одлучи да се врати таму каде што беше најуспешен.