Фудбалски класик приредуваат Ливерпул и Арсенал во мечот од четвртото коло во Карабао, односно Лига купот на Англија. Топчиите водат со неверојатни 5-4 на „Енфилд“, a сите 9 гола се постигнаа до 70-тата минута.
Младиот Вилок му донесе предност на Арсенал за 5-4 откако Црвените надополнија два гола разлика преку Окслејд-Чембрлен и Ориги. Остануваат уште десетина минути за европскиот првак повторно да се врати во игра и да изнуди продолженија.
https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1189648562071715840