Првото големо дерби во саудиската Премиер лига меѓу Ал-Итихад и Ал-Хилал, во целост ги оправда очекувањата на навивачите и на шеиците, бидејќи беа постигнати дури седум гола.
На крајот славеше Ал-Хилал со 4:3 и тоа благодарение на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ кој постигна хет-трик.
https://twitter.com/i/status/1697683556829458510
Al-Ittihad score to make it 3-1. pic.twitter.com/vx1R50lbBi
— Saudi Xtra (@SaudiXtra) September 1, 2023
Првото полувреме му припадна на домаќинот Ал-Итихад кој на одмор замина со предност од 3:1 благодарение на головите на Ромарињо, Карим Бензема и Хамдалах, додека голот за гостите го постигна Митровиќ.
https://twitter.com/i/status/1697676502710604219
Во вториот дел, гостите направија целосен пресврт постигнувајќи три гола. Прво Митровиќ со два гола го израмни резултатот, по што во 71-та минута, голот вреден три бода за Ал-Хилал го постигна Ал Давсари.
https://twitter.com/i/status/1697695319633379747
https://twitter.com/i/status/1697695608625058223
https://twitter.com/i/status/1697697263772987772