35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Дожд, одложување, старт од бокс и „еден-два“ победа на Мекларен во Белгија

Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, во доминантна трка дојдоа до еден-два победа на легендарната патека Спа Франкошамп за ГН на Белгија. Трката започна со задоцнување од 80 минути поради силните врнежи од дожд, кои воопшто не се реткост барем за оваа трка.

Возачите откако го минаа загревачкиот круг, беа повикани во боксот и од таму ја започнаа трката. Неизвесно беше дали ќе успеат да ја завршат трката во предвидените 180 минути или таа ќе биде прекината, но на крајот се заврши без проблеми и без инциденти.

Првите четири круга се возеа со безбедносното возило на чело од колоната, а веднаш откако беше овозможено претекнување, Пјастри го нападна и го мина клупскиот колега Норис и до крајот на трката не ја испушти лидерската позиција.

Немаше примени ниту на третата и четвртата позиција, па Леклер и Ферстапен си ги задржаа позициите од квалификациите, а во првите десет завршија и Расел, Албон, Хамилтон, Лоусон, Бортолето и Гасли.

- Оглас -

Најнови вести