Дождот и снегот го одложуваат утрешното коло во Прва лига!?

Лошото време, обилните вренежи од дожд, а на некои места и снег се причина да биде одложено утрешното коло во Прва македонска фудбалск лига, пренесува СпортСпорт.мк.

Според најавите, од Фудбалската федерација на Македонија се решиле на ваква одлука само поради лошите временски услови кои ја зафатија цела земја.

Терените во Македонија се далеку од идеални, па кога ќе има вака лошо време, условите за игра стануваат и очајни, па одлуката е утре да нема „мачење“ по терените.

Се очекува дуелите од утрешното коло да се играат во вторник на 3 декември.

- Оглас -

Најнови вести