Дождот и Вимблдон секогаш одат заедно, одложени 28 меча кои требаше да се играат денеска

Дури 28 натпревари кои требаше да се играат денеска, а не започнаа или беа прекинати поради врнежите од дожд, се презакажани за утре. Се играше само на Централниот терен и теренот број 1, каде што има покрив.

Ова им направи проблеми на организаторите, па утрешниот ден ќе биде преполн со натпревари и прашање е дали е можно сите да се одиграат како што беше планот.

Утре треба да се појави и Новак Ѓоковиќ, кој ќе игра со Џордан Томпсон од Австралија, тој дуел треба да се игра на покриен терен, но ако и утре врне и пред нив на тој терен се играат некои од одложените мечеви, тогаш и за Ноле е прашање кога ќе игра.

- Оглас -

Најнови вести