Дождот направи хаос на Ф1 квалификациите, прекини, излетувања, а на крајот се знае кој е на пол позицијата

Макс Ферстапен по петти пат сезонава ја освои пол-позицијата и е главен фаворит за победа на утрешната трка за Големата награда на Канада. Квалификациите беа хаотични. многу дожд наврна на патеката, дел од болидите излетаа, па дури и квалификациите беа прекинати.

Во една таква ситуација, Ферстапен оствари убедливо најдобро време со 1:25.859 минута, додека второпласираниот Хулкенберг кој заврши со второ најдобро време заостанау повеќе од една секунда. Потоа следуваа Алонсо, Хамилтон, Расел, Окон, Норис…

- Оглас -

Најнови вести