Дождот не му може ништо, кога Ѓоковиќ мисли само на олимпиското злато (видео)

Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Вимблдон и 20-тиот гренслем во кариерата, веднаш продолжи со подготовките за Олимписките игри во Токио. Моментално се наоѓа во Црна Гора, каде што работи на својата кондиција.

Олимписки златен медал е она што му недостасува на првиот светски рекет во богата колекција на одличја, па ни дождот не го спречува да се подготвува за атак на нов успех во земјата на изгрејсонцето. Инаку Ѓоковиќ има еден бронзен од ОИ во Пекинг во 2008 година, па како прв фаворит во Токио ќе се обиде да се закити со злато.

https://www.youtube.com/watch?v=zQmvCBj-5Dg&t=85s

- Оглас -

Најнови вести