Дождот прави проблем во „Градски парк“, Работнички и Вардар играат во СРЦ Кале

Екипите на Работнички и Вардар својот меч од првата кошаркарска лига го почнаа подоцна од првично закажаниот термин, а причина е што салата „Градски парк“ беше поплавена од дождот кој цел ден врне во Скопје и низ покривот си го најде патот до паркетот.

Најдено е решение средбата да се игра во големата сала на СРЦ „Кале“ која не е далеку од „Градски парк“, и во неа покривот е поиздржлив. Наредниот домашен меч на Работнички е во Суперлигата, а бидејќи тоа е највисок ранг на натпреварување, најтрофејниот клуб ќе мора мечевите да ги игра во друга сала, која ги исполнува сите услови за Суперлига и плејоф.

- Оглас -

Најнови вести