Дождот во Прага донесе бериќет за Украина, Македонија ќе чека друга шанса (Фотогалерија)

Само со две победи против аутсајдерот Малта, не може да се оди на Европско првенство. Двата порази од Украина ја отпишуваат македонската фудбалска репрезентација од битка за ЕП 2024, остануваат уште дуелите со гигантите Италија и Англија за крај на овој прилично неуспешен циклус квалификации.

Гостувањето кај Украина на неутрален терен, во Прага, не ни донесе никаква предност. Дождот во чешката престолнина им донесе бериќет на Украинците кои продолжуваат да се надеваат на место на ЕП.

Македонските навивачи кои допатуваа од татковината и од повеќе европски земји, беа на нивото, но за жал, не им беше приредено задоволство да се израдуваат на победа, или барем на еден постигнат гол.

Столе Димитриевски имаше одлична партија до 96-та минута, имаше неколку феноменални одбрани со кои ја спасуваше Македонија, но на крај му попушти концентрацијата и прими кикс гол.

После голот на Судаков за 1-0, на семафорот на „Епет арена“ во Прага стоеше 1-1. Штета што тоа беше само грешка, а не реалност и вистинскиот резултат на терен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести