Доживотна забрана за хулиганот кој нападна играч на Астон вила

Бирмингем доживотно го казни навивачот кој влета во терен во градското дерби против Астон вила и го нападна капитенот на гостите, Џек Грилиш. Овој срамен потег се случи во воведните минути од мечот во втората англиска лига, а навивачот веднаш беше приведен и против него ќе се води случај од страна на локалната полиција. 

Бирмингем соопшти дека ќе поддржи секаква казна за навивачот, а воедно засекогаш му ги затворија вратите од „Сент Ендру“ стадионот.

„Нема простор во фудбалот за вакво недолично однесување. Без разлика што се работи за дерби и градско ривалство, ние како клуб нема да дозволиме вакви работи на нашиот стадион. Навивачот повеќе нема право да присуствува на наши натпревари, а воедно ќе поддржиме секаква казна за навивачот дадена од страна на законот. Исто така се извинуваме на Астон вила и на Џек Грилиш“, стои во соопштението на Бирмингем.

Грилиш имаше прилика да се одмазди, тој го постигна решачкиот гол на мечот со кој Астон вила славеше со минимални 0-1.

- Оглас -

Најнови вести