31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Доживотна забрана за влез на стадион за расистите

Удинезе доживотно ќе им забрани влез на стадионот на навивачите кои во саботата на расна основа го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањан, изјави генералниот менаџер на тимот од Удине, Франко Колавино.

Натпреварот кој се играше во саботата беше прекинат двапати бидејќи неколкумина навивачи на Удинезе од трибините го навредуваа Мањан на расна основа, по што голманот на Милан заедно со соиграчите го напушти теренот.

 

„Работите на пронаоѓање на виновниците, тоа можат да бидат само двајца или тројца. Немаше никакво скандирање бидејќи не ги абележа ниту судијата на теренот, ниту обвинителството“, изјави Колавино за италијанските медиуми.

Колавино покрај тоа што најави дека навивачите кои го навредуваа Мањан повеќе нема да можат да се појават на трибините, побара и построги казни од прекин на натпревар кога има навреди на расна основа.

- Оглас -

Најнови вести