Доживотно суспендиран судија (Видео)

Рускиот судија Василиј Казарцев доби доживотна забрана за делење правда на фудбалските терени. Казарцев, кој има 41 година, направил пет големи грешки кои влијаеле на резултатите, па доби жестока казна.

Особено лути на Казарцев му беа навивачите на Спартак Москва, кои не можат да му ги простат досудените два непостоечки пенали за Сочи против Спартак. Капката која ја прелеа чашата беше кога не виде пенал за Краснодар на дуелот со ЦСКА Москва. Дивеев од ЦСКА играше со рака во својот 16-ник во 90-тата минута, но за Казарцев, кој беше во ВАР-собата, тоа не беше пенал.

https://www.youtube.com/watch?v=plxjG7ENIvs

- Оглас -

Најнови вести