Денешната ждрепка за четвртфиналните дуели во англискиот Лига куп беше среќна за гигантите Манчестер јунајтед, Сити и Ливерпул. Бранителот на пехарот ќе игра против Оксфорд сити, Ливерпул гостува кај Астон вила, додека Црвените ѓаволи ќе го пречекаат четвртолигашот Колчестер.
Откако се дозна дека Јунајтед ќе им биде противник, играчите на Колчестер славеа како да добиле премија, но јасно е дека повеќе ги радува фактот што ќе гостуваат на „Театарот на соништата“, прекрасниот стадион „Олд Трафорд“.
Погледнете ја нивната непроценлива реакција: