За првпат во историјата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) шест репрезентации од пет различни континенти ќе се борат за две места на завршницата на Светското првенство.
Во интерконтиненталниот бараж беше решено да играат Нова Каледонија против Јамајка во полуфиналето. Подобриот од овој меч во финалето ќе игра против ДР Конго.
Во второто полуфинале Боливија ќе игра против Суринам, а подобриот од овој меч во вторто финале ќе игра против Ирак.


