Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ-Пикси, даде предлог да се одигра пријателски меч кој ќе има хуманитарен карактер против Македонија. Оваа идеја на Пикси е по трагедијата која се случи во Кочани.
Селекторот на Србија изрази сочуство до целиот македонски народ и до семејствата на настраданите.
„Се случи страшна несреќа, незапамтена трагедија во Македонија. Сакам да го изразам моето сочуство со целиот народ и семејствата на настраданите. Ќе предложам на ФСС да стапат во контакт со челниците на ФФМ и да одиграме некој меч кој ќе има хуманитарен карактер. По трагедиите кај нас, сега добивме нова трагедија. Тоа е животот“, рече Драган Стојковиќ-Пикси.
Србија се подготвува за дуел против Австрија, кој ќе се игра в четврток и тој е за опстанок во А дивизијата во Лигата на нациите.